Белата куќа ја предупреди Украина

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја предупреди Украина да не ја користи својата опрема за напади врз цели во Русија, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

„Уште еднаш, многу јасно им ставивме до знаење на Украинците какви се нашите очекувања во врска со нападот врз Русија – ние не сакаме да го охрабруваме или да го овозможиме, ние секако не сакаме опрема од американско производство да биде се користи за напад на руско тло“, рече Кирби.

„И добивме гаранции од Украинците дека ќе ги почитуваат тие желби… бевме многу јасни дека сакаме Украина да може да ја брани својата почва, сопствената територија. Тие беа нападнати. Тие имаат право да се бранат“, рече тој.

„Но, исто така, бевме јасни дека не сакаме да видиме оваа војна да ескалира подалеку од ова“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина