Бејли по заминувањето од Скопје во март ќе се пензионира од дипломатската работа

Од:

Американскиот амбасадор Џес Бејли на неговиот Твитер профил објави дека по напуштањето на Скопје во март, ќе се пензионира од дипломатската работа по 34 години поминати во Стејт департментот.

– Ми беше чест да работам со овој фантастичен тим, секој ден во изминативе четири години, напиша Бејли.

Тој им се заблагодари на сите пријатели и колеги низ земјава кои напорно работеле на заедничките цели, а се заблагодари и на одличното гостопримство и паметни совети.

– Американско-македонските односи се посилни од било кога, ништо не го симболизира тоа подобро од членството на земјава во НАТО, пишува Бејли.

На позицијата американски амбасадор во Македонија, Бејли ќе го замени Кејт Мери Бирнс.

Бирнс во моментот е заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Грција. Претходно, таа била заменик-шеф на мисијата и заменик-постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена, работела и во американската амбасада во Мадрид, а подоцна била и на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД