Видеото од спасувањето на новороденче, девојче од урнатините на зграда во градот Џиндарис на северот на Сирија во февруари го обиколи светот, а детето оттогаш значително закрепна и сега малата Афра е среќна, здраво шестмесечно девојче.
Во серијата катастрофални земјотреси кои опустошија делови од Турција и Сирија на почетокот на февруари, зградата во која живееше мајката на малата Афра, која се породи непосредно пред уривањето на зградата и почина под урнатините веднаш по породувањето, јавува Би-Би-Си.
Кога бебето Афра бeше пронајдено во урнатините на зградата во Џиндарис, нејзината папочна врвка сè уште беше споена за нејзината мајка.