Бебе умрело кога родителите го изнеле надвор од автомобил со клима

Од:

Едноипол годишно момченце во Сански мост починало како последица на темературен шок, кога родителите го изнеле на висока надворешна температура од автомобил во кој била уклучена климата.

Во Јавниот здравствен дом во Сански мост, потврдиле дека детето било мртво донесено кај нив во понеделникот. Тие можеле само да констатираат смрт, најверојатно поради престанок на работата на срцето.

Од полициската станица во Сански мост изјавиле дека малото момче, само што допатувало од Шведска, каде тоа семејство живее и работи. Тие се вратиле во селото Чаплље, каде требале со семејството да го поминат годишниот одмор. За цело време на долгиот пат во автомобилот работел клима уредот, па така темературата во автомобилот била дури со 20 степени пониска од надворешната. Веднаш по доаѓањето во родното село, родителите го извадиле бебето од автомобилот, а тоа во истиот момент доживеало температуен шок кој довел до престанок на работата на срцето и детенцето починало.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он