Барселона: Пожарникари палеле оган

Од:

Шпански пожарникари низ улиците на Барселона палеле оган, по што се судриле со полицијата во текот на протестот, поради намалување на буџетските издвојувања и рецесија на стопанството.

Неколку стотини пожарникари со жолти шлемови и црвена униформа се собраа пред регионалниот парламент во Каталонија.

Некои од нив фрлаа петарди и димни бомби и запалија ковчег на кој пишуваше Јавни служби.Foto: Beta/AP

За тоа време во парламентот се водеше дебата за кампањата за спречување на шумските пожари кои претставуваат главна закана во текот на летото.

Синдикатите предупредија дека намалување на бројот на вработените и буџетското издвојување поради економската криза ја загрозува безбедноста на работниците и народот на Каталонија, пренесе „Франс прес“.

Во текот на судирите полицијата и со противпожарни апарати го гаснеше огнот, кој беснееше по улиците на Барселона, но приведе и еден демонстрант.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски