Барозо: Оваа недела е клучна за напредокот на Косово и Србија кон Унијата

Од:

Оваа недела е решавачка за напредокот на Косово и Србија на патот кон евроинтеграциските процеси, оцени денеска претедателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пред денешниот петти круг од разговорите меѓу премиерите на двете земји Хашим Тачи и Ивица Дачиќ во Брисел.

Баросо, кој денеска се сретна со Тачи, изјави дека Косово напредува на европскиот пат, без разлика што пет земји членки на ЕУ се уште не ја признале неговата независност, и постои реална шанса да започне преговори за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација.

Косовскиот премиер претходно се сретна и со претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, кој смета дека напредокот на Приштина и Белград во евроинтеграциите зависи од конкретните резултати во дијалогот меѓу нив.

Ван Ромпуј нагласи дека „Косово има европска перспектива“, но Приштина треба прво да ги исполни краткорочните цели поставени од ЕК, а тоа е почитување на правата на малцинствата и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Тој, исто така, побара и потесна соработка со мисијата на ЕУ на Косово – ЕУЛЕКС.

Петиот круг на политичкиот дијалог меѓу Србија и Косово на премиерско ниво под покровителство на ЕУ започна денеска во Брисел, а главни теми на него се паралелните институции во северниот дел на Косово и именувањето офицери за врска во Белград и Приштина. Дачиќ и Тачи прво се сретнаа одделно со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, а потоа имаа заеднички работен ручек.

Според експертите, ова ќе биде „најтешкиот круг“ од преговорите досега и е многу веројатно поради сложеноста на проблемите, разговорите да продолжат и утре.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ