Баросо најави почеток на преговори за слободна трговија меѓу ЕУ и САД

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо денеска објави почетокот на преговорите за воспоставување режим за слободна трговија меѓу Европската унија и САД, јави дописникот на МИА од Брисел.

Со цел постигнување на договор веќе се воспоставени работни групи од двете страни кои ќе ги иницираат домашните процедури што се потребни за да почнат преговорите за Трансатлантска трговија и инвестициско партнерство.

– Договорот за трговија ќе биде мотор за економскиот раст и вработувањето. Европската унија ќе добие зголемување на бруто домашниот производ (БДП) за 0,5 проценти до 2027 година, објави Баросо на денешната прес-конференција во Брисел.

Според проценките, тие 0,5 отсто се еквивалент на 86 милијарди евра повеќе во европската каса за наредниот период од 14 години, додека во касата на САД се очекува да влезат 65 милијарди евра. Се разбира, сето ова кога ќе се постигне договор, за што претседателот на Комисијата посочи дека тешко ќе се одвива.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија