Баросо: Лидерите во ЕУ да размислат за својата одговорнот за резултатите од изборите за ЕП

Од:

Сите политички лидери во ЕУ треба да размислат за својата одговорнот за резултатите од изборите за ЕП, се наведува во соопштение на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Според него треба да се земе предвид тоа дека сегашните резултати доаѓаат по најтешката финансиска, економска и општествена криза со децении. Баросо нагласува дека политичките сили што преземаа чекори за излез од кризата, во општи линии повторно се победници на изборите.

– Резултатите покажуваат дека во ЕП е можно многу силно и функционално мнозинство, изјави Баросо.

Претседателот на Европската комисија смета дека постојат услови за стабилна поддршка за обединет и отворен ЕУ, што ќе работи на своето заздравување. Баросо, истакна дека одговор за сите што гласале против или не гласале, треба да бидат решителни акции, насочени кон раст и вработување, како и кон вистински демократска дебата.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија