Пораншниот американски претседател Барак Обама пред крајот на идниот месец ќе ја посети Шкотска.
Во главниот шкотски град, Обама ќе учествува во работата на еден бизнис форум, на кои ќе одржи предавање.
Во Единбург поранешниот претседател на САД ќе зборува и на една донаторска вечера, на која е предвидено и да одговара на прашања на гостите.
Гала вечерата има донаторски карактер, за да се соберат пари за една хуманитарна шкотска хуманитарна организација, за заштита на децата, како и за „Обама фондацијата“ што ја имаат формирано поранешниот претседател и неговата сопруга Мишел.
Влезниците за донаторската вечера се предвидва да достигнат и до пет илјади фунти, за местата најблиску до Обама.
Престојот во Шкотска е прва негова посета на овој дел од Обединетото кралство и прво јавно обраќање надвор од САД, по повлекувањето од Белата куќа.
Домаќин на Обама и организатор на бизнис форумот е шкотската „Хантер фондација“, која претходно ги има повикано како почесни гости, поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, како и актерите Леонардо ди Каприо и Џорџ Клуни.
Засега нема најави дека Обама во Единбург ќе се сретне со шкотските политичари, во време кога шкотскиот Парламент изгласа иницијатива за организирање нов референдум за независност.