Бангладеш почна со преместување на бегалците Рохинџи на остров во Бенгалскиот залив

Од:

Бангладеш ќе почне со преселување на муслиманите Рохинџи на островот Басан Чар во Бенгалскиот залив за да ги отстрани од преполните кампови на копното, соопштија денеска официјални лица, пренесе ДПА.

-Ги презедовме сите подготовки и околу 2.000 Рохинџи ќе заминат, изјави за ДПА Мохсин, секретар за управување со катастрофи и помош.

Тој додаде дека владата во Дака планира до крајот на март следната година на островот Басан Чар да пресели околу 80.000 Рохинџи.

Рохинџите утре со автобуси ќе пристигнат во преполниот камп Кокс Базар, каде ќе преноќат.

-Следниот ден, во четврток, тие со брод ќе пристигнат во Басан Чар, рече Мохамед Моазам Хосеин, комесар за дополнителна помош на бегалците и репатријација.

Владата на Бангладеш планира на островот да премести околу 100.000 Рохинџи со цел да го намали притисокот врз преполните кампови во Кокс Базар, место што се наоѓа во близина на границата со Мјанмар.

ДПА потсетува дека во Бангладеш во моментов престојуваат над 1,1 милион Рохинџи во камповите во Кокс Базар, што е најголемиот бегалски камп во светот. Повеќето од нив побегнаа во Бангладеш кон крајот на август 2017 година, кога војската на Мјанмар и нивните локални соработници започнаа брутална офанзива врз нивната малубројна заедница.

Соочена со жестоки критики од групите за човекови права Владата на Бангладеш на Рохинџите им изгради станови и други објекти на островот.

Би можело да ве интересира

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници

ВИДЕО: Автобус излета од пат во Бангладеш, 19 мртви

ВИДЕО: Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш

Ана Ололовска