Бан: Употребата на хемиско оружје во Сирија е воено злосторство

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска пред Советот за безбедност изјави дека употребата на хемиско оружје во Сирија претставува „воено злосторство“ и побара закана со санкции како поддршка на планот за уништување на овој вид на оружје.

Според дипломати кои присуствувале на затворените консултации на 15-те членки на Советот за безбедност на ОН, Бан изјавил лекарите наоѓале луѓе кои умирале на улиците по нападот со отровниот гас сарин на 21 август во близина на Дамаск.

Откако го доби извештајот за хемиско оружје во Сирија, генералниот секретар на ОН денеска започна со негово претставување во Советот за безбедност.

Во меѓувреме, СБ на ОН ги разгледува тврдењата дека оружјето и муницијата, кои останале во Либија по падот на режимот на Моамер Гадафи, се пренесуваат во Сирија.

Според соопштението на Комитетот за санкции кон Либија, „постојат се повеќе дојави за шверц на оружје од Либија во Сирија, како по морски, така и по воздушен пат“.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство