Бан повика на итeн прекин на огнот во Појасот Газа

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун синоќа предупреди дека голем број палестински цивили се убиени во изралеските напади на Појасот Газа и го повика Израел да се откаже од плановите за евентуална копнена офанзива во оваа палестинска територија.

Бан повторно повика на прекин на огнот, истакнувајќи дека чувствува одговорност за Палестинците кои особено во Појасот Газа веќе долго време немаат „чувство на слобода и достоинство како што заслужуваат“, соопшти портпаролот на Генералниот секретар на ОН Стефан Дујариќ.

Ситуацијата во Газа, со најмалку 170 убиени Палестинци и без израелски жртви, се влошува, изјави Бан и предупреди дека повикот на ОН за примирје не се почитува.

Генералниот секретар на ОН повторно го осуди движењето Хамас во Газа поради ракетите истрелани кон Израел, барајќи итен прекин на ваквите инциденти.

Бан, исто така, нагласи дека голем број палестински цивили се убиени, како и дека копнена офанзива на Израел, без сомнеж ќе го зголеми бројот на жртви и ќе ја влоши состојбата на цивилите во Појасот Газа.

– Во интерес на двете страни е веднаш да преземат чекори кон прекин на опасните судири, како и мерки за прекин на борбите, со цел да се избегнат нови жртви и поголем ризик за регионалниот мир и безбедност, истакна Бан.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно