Бан: Нуклеарна закана не е игра, ова е многу сериозно

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун синоќа повика Северна Кореја да ги „намали тензиите“ во алармантната ситуација, оценувајќи дека секаква грешка во проценката во таа криза може да има „многу сериозни последици“.

– Нуклеарна закана не е игра, ова е многу сериозно. Јас мислам дека отишле премногу далеку со својата реторика и загрижен сум заради фактот што секоја грешка во оцена на ситуацијата може да предизвика криза со сериозни последици, изјави Бан на прес конференција во Мадрид.

Северна Кореја транспортираше втора ракета со среден дострел на источното крајбрежје и ја инсталира на мобилна лансирна рампа, јави Би-Би-Си повикувајќи се на јужнокорејски владин извор.

Министерството за одбрана во Сеул вчера потврди за поставена прва севернокорејска ракета на источното крајбрежје во државата, но засега нема коментар за информациите за втората ракета.

Јужнокорејскиот министер за одбрана Кин Кван-Јин изјави дека ракетата може да достигне „значајна далечина“, но не и американско копно.

Северна Кореја поттикната од нови санкции на ОН и воени вежби на Јужна Кореја и САД, упати низа закани за можна нуклеарна војна. Севернокорејската армија вчера соопшти дека добила конечно одобрение за воена акција против САД.

– Моментот на експлозија брзо се приближува, соошти Генералштабот на севернокорејската армија.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски