Бан на средба со либански лидери и во посета на штабот на мировните сили

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги посети мировните сили во Либан и оствари средба со либански лидери.

Бан изјави дека зголемувањето на бројот на сириски бегалци ги отежнува економските и социјалните проблеми на државата.

– Тука сме за да најдеме решенија што може да му помогнат на Либан за да се справи со кризата, изјави Бан на прес конференција со либанскиот премиер Тамам Салам.

Претходно, тој го посети главниот штаб на мировните сили на ОН во Либан. На прес конференцијата со либанскиот премиер во Бејрут, Бан го осуди вчерашниот напад на ИД на границата со Сирија кога загина еден војник, а тројца беа ранети. 

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда