Бан Ки-мун: УНЕСКО му е неопходен на светот

Од:

Во современите услови на живеење УНЕСКО и е неопходна на меѓународната заедница,изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој пристигна во Париз за свеченостите по повод 70-годишнината од основањето на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, пренесе ТАСС.

-УНЕСКО секогаш ги заштитува слободата на мислење, културата и образованието. Денеска, меѓутоа, тие се под закана од екстремистите, кои се почесто се стремат да го разурнат светското културно наследство. Точно сега светот има потреба од УНЕСКО, рече Бан Ки-мун.

Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, изјави дека со сите сили ќе работи на спроведувањето на меѓукултурен дијалог, на почитување на правата на човекот и почитување на човековото  достоинство.

УНЕСКО е формирана во 1945 година да работи на мирот и еднаквоста низ светот. Денеска организацијата опфаќа 195 земји и девет асоцирани членки.

Во 1972 година УНЕСКО усвои Конвенција за зачувување на светското културно и природно наследство. Земјите кои го потпишаа документот презедоа задача гружливо да ги чуваатнационалните споменици.

На списокот на УНЕСКО на светското културно-историско и природно наследство се влезени над 1.000 објект.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ