Бан Ки-мун: Сексуалното насилство од мировниците е канцер за ОН

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун побара синоќа да бидат судени мировниците кои извршиле сексуално насилство и се закани дека ќе ги казни нивните команданти кои носат одговорност.

На затворена седница на СБ на ОН, свикана по скандалот со силување 12-годишно девојче во ЦАР, Бан ги нарече таквите криминални дејствија како „канцер“ во организмот на Светската организација.

Тој призна дека се испитуваат наводите од последните месеци за „сините шлемови“ во ЦАР и други држави. Нагласи дека во средата го разрешил шефот на мисијата на ОН во ЦАР, Бабакар Гаје, но вели дека сенегалскиот генерал не е последниот кој ќе поднесе одговорност за акциите на мировниците.

– Дојдов во Советот за безбедност со тешко срце за да исполнам една обврска – отворено и директно да се разгледа канцерот во нашиот организам кој нанесува штета на луѓето кои сме должни да ги заштитиме и на кои сме должни да им служиме, се вели во текстот на изјавата на Бан.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство