Напорите на светската организација за зачувување на мирот во светот се исправаат пред се поголеми опасности од нетрадиционалните закани, како што се самоубиствените атентати и рачно изработени експлозивни направи, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, цитиран од американските медиуми.
Бан, кој ја посети тренинг базата за мировни сили во близина на Пекинг, пред репортерите изјави дека ОН треба да направат се за мировниците да располагаат со неопходната обука и специјалистички вештини, за да им се спротивстават на новите закани.
Според него, мировниците треба брзо да реагираат и да собираат и анализираат информации за одалечени региони.
Генералниот секретар изјави дека за да се обезбедат овие можности, ОН за прв пат испраќа беспилотни авиони во рамки на својата мисија во Демократска република Конго.
Бан, исто така, го пофали ангажманот на Кина кон напорите за зачувување на мирот. Пекинг во 23 светски мисии има испратено 22.000 војници, што е повеќе од другите постојани членки на Советот за безбедност на ОН земени заедно, забележаа американските медиуми.