Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој се наоѓа во Виена по повод Глобалниот форум на Алијансата на цивилизации на ОН (УНАОЦ), оцени денеска дека е потребно уште многу труд за примена на милениумските цели на развојот и по 2015 година, но дека за тоа се важни и младите генерации.
– Треба многу да се работи, бидејќи треба да се искорени екстремната сиромаштија и гладта, а за тоа е потребна соработка со младите генерации, порача тој на самитот на младите по повод петтиот Глобален форум на УНАОЦ.
Бан ја поздрави соработката на светската организација со младите генерации и нивната одговорност за иднината.