Бан Ки-мун ја повика Северна Кореја да не извршува нова нуклеарна проба

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан ки мун повика Северна Кореја да не извршува уште една нуклеарна проба и да направи повеќе за благосостојба на своите граѓани соочени со тешка хуманитарна ситуација.

Тој изјави дека ОН се обидуваат да испратат хуманитарна помош во Северна Кореја, но можно е да биде слаб одзивот на меѓународната заедница заради кризата околу можната нуклеарна проба и тензиите на Корејскиот полуостров.

– Јас само се надевам и силно апелирам до властите во Северна Кореја да ги слушнат апелите и барањата на меѓународната заедница и да ги почитуваат резолуциите на СБ и да направат повеќе за благосостојба на своите жители, изјави тој.

Северна Кореја минатиот месец соопшти дека ќе изврши нуклеарна проба во знак на протести поради санкциите на СБ на ОН кои се заострени по лансирањето сателит за кој САД и други држави сметаат дека е прикриена проба за забранети ракетни технологии.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски