Бан Ки-мун изрази загриженост заради истрелувањето на трите ракети од Северна Кореја

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска изрази загриженост во врска со истреланите од страна на Северна Кореја три ракети со мал досег, пренесоа руските медиуми.

Бан Ки-мун денеска во Москва изјави дека е време Северна Кореја да преземе напори за намалување на напрегнатоста на Корејскиот полуостров, а светската организација е подготвена да му помогне на Пјонгјанг во тоа.

Генералниот секретар, исто така, изрази надеж дека во иднина Северна Кореја ќе се воздржува од вакви активности.

Бан, во интервјуза руски медиум, вчерашното истрелување на трите ракети со мал досег го нарече „провокативни дејствија“ и го повика Пјонгјанг да се врати на преговарачката маса за нуклеарното прашање со светските сили, пренесоа агенциите.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски