Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун именува раководители на четири работни групи, што ќе работат на решавање на сирискиот конфликт.
Генералниот секретар на Норвешкиот совет за бегалци Јан Егеланд ја води групата за безбедност. Поранешниот правен консултант на ОН, швајцарецот Никола Мишел ќе раководи со групата за политички и правни прашања. Директорот на Германскиот институт за меѓународни прашња и прашања за безбедноста и експерт за Сирија Фолкер Пертес е шеф на групата за воени и анти-терористички прашања, а шведската дипломатка Биргита Холст Алани ќе раководи со групата за обнова и развој, соопшти канцеларијата на претставникот на ОН за Сирија Стефан де Мистура.
Овие четири групи се основа на новиот пристап, предложен кон крајот на јуни од Де Мистура за постигнување на мир во Сирија, откако двете конференции за Сирија во Женева завршија без успех.
Де Мистура и неговиот заменик Езелдин Рамзи вчера и денеска разговараа со четворицата раководители на групите и договорија работни планови за обезбедување на координација на работните групи и нивниот напредок.
Засега не се соопштени датуми за првите средби на работните групи.
Рускиот заменик минситер за надворешни работи Генадиј Гатилов изјави дека во работните групи нема да учествуваат руски претставници, пренесува ТАСС.
– Не. Ова прашање не се дискитира. Стефан де Мистура веќе има раководители на тие групи и нивни заменици. Ние сега работиме со Де Мистура во обид да постигнеме во групите да има претставници на повеќе земји, а не само на западни. Сметаме дека тоа е важен аспект за обезбедување на ефикасна работа на работните групи, изјави Гатилов.