Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун го осуди нападот во Бостон во кој од експлозија на две бомби во близина на маратонската цел загинаа три лица, а 140 биле ранети.
„Го осудувам ова бесмислено насилство кое е уште повеќе застрашувачко бидејќи се случува на настан што е познат по зближување на луѓето во светот во спорстки дух и хармонија“, изјави Бан Ки Мун.
Русија им понуди помош на САД за расветлување на грозоморното злосторство.