Бан Ки-мун ги критикуваше американските напади со беспилотни летала врз исламистите

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска го критикуваше користењето на вооружени беспилотени летала од страна на САД за напади врз исламисти.
Бан Ки-мун се наоѓа во дводневна посета на Пакистан, што е втора земја по Јемен која е предмет на вакви напади.

На предавање пред високи воени лица во Националниот универзитет за наука и технологија во Исламабад, Бан Ки-мун нагласи дека при употребата на беспилотни летала треба да се почитува меѓународното право.

Според него потребни се напори за спречување на грешките при употреба на таква опрема и избегнување на цивилни жртви.

Од 2004 година САД користат беспилотени летала за напади во полуавтономни племенски зони во северозападниот дел на Пакистан. Нападите зачестија по 2008 година, бидејќи регионот се смета дека служи како засолниште на Талибанците и на други вооружени исламистички групи како Ал Каеда.

Вашингтон ги смета нападите со беспилотни летала како основно средство за неутрализирање на исламистите, кои се кријат во тешко пристапните предели на племенските зони во Пакистан.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство