Бан Ки-мун допатува во Каиро на разговори за ситуацијата во Газа

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун попладнево пристигна во Египет на разговори со египетските власти за состојбата во Појасот Газа, каде за време на израелските напади во последниве две недели загинаа околу 500 лица.

Во рамките на мисијата низ Блискиот Исток. чија цел е ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинската група Хамас, Бан се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, со министерот за надворешни работи Самех Шукри и со други високи претставници.

– Генералниот секретар со нетрпение очекува да се сретне со претседателот Сиси, со министерот за надворешни работи и со генералниот секретар на Арапската лига за да разговараат за ситуацијата во Газа и напорите за прекин на воените дејствија, соопшти потпаролпт на Бан, Стефан Дижарик.

Во Каиро денеска се очекува да пристигне и американскиот државен секретар Џон Кери.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно