Бан: Европа треба повеќе да се ангажира за бегалците и мигрантите

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун денеска апелираше до европските земји повеќе да се ангажираат за стотиците илјади бегалци и мигранти во Европа.

– Апелирам до Европа повеќе да направи, истакна Бан на почетокот на 70. сесија на Генералното собрание на ОН.

Тој посочи дека по Втората светска војна жителите на Европа побарале помош од целиот свет.

– Треба да реагираме, придржувајќи се до критериумите на меѓународното хуманитарно право и човековите права. Треба да се бориме против дискриминацијата. Во 21 век не треба да градиме огради или ѕидови, наведе Бан.

Тој првпат апелираше Меѓународниот кривичен суд да биде задолжен за ситуациајта во Сирија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство