Бан: Џихадистите се закана за меѓународниот мир и безбедност

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска изјави дека џихадистите се закана за меѓународниот мир и безбедност, но оти целосно не ги поддржува американско-арапските напади врз Исламска држава во Сирија.

Бан на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Франсоа Оланд истакна дека Дамаск бил информиран дека Вашингтон планира напади врз „зони, кои не се под ефикасна контрола на Владата“ на Сирија.

Генералниот секретар на ОН посочи дека „сите преземени мерки треба да бидат во согласност со Повелбата на ОН и на меѓународното хуманитарно право“.

Бан апелираше до силите од коалицијата, создадена од САД против Исламска држава да ги преземат сите мерки за да ги избегнат или да ги сведат на минимум цивилните жртви.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство