Бајден: За евентуално отповикување на Трамп ќе одлучи Конгресот

Од:

Вашингтон, 8 јануари 2021 (МИА) – Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави денесска дека Конгрсот треба сам да одлучи за евентуална процедура за импичмент на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Tој нагласи дека е фокусиран во моментот на вакцинирањето на Американците и на закрепнување на економијата.

– Што ќе одлучи Конгресот е нивна одлука…Мојата функција почнува за 12 денови и со Божја волја, јас ќе бидам претседател на САД, изјави тој.

Бајден додаде дека негов приоритет сега е подготовка на новата администрација и дека е фокусиран на три работи – спречување на ширењето на вирусот, вакцинирањето на населението во САД и економски раст.

Според него, единствената работа со која се согласува со Трамп е дека е добро што нема да присуствува на инаугирацијата на 20 јануари.

– Ми рекоа дека тој посочил дека нема да се појави на инаугурацијата. Една од ретките работи за кои јас и тој некогаш сме се согласиле. Добра работа е тој да не се појави, изјави Бајден.

– Тој… ги надмина и моите најлоши поимања за него. Тој е срам за земјата, срам за целиот свет, недостоен да ја извршува таа функција…Сепак, потпретседателот Пенс е добредојден на 20 јануари.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп