Бајден: Војната на Путин пропадна, светот мора да избере дали да и помогне на Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека војната на рускиот претседател Владимир Путин „пропаднала“ и дека светот мора да избере дали ќе ја поддржи Украина или ќе се огради од таа „агресија“.

„Тој (Путин) тргна да ја уништи Украина, но Украина е сè уште слободна. Тој сакаше да го ослабне НАТО, но НАТО е поголем, посилен, пообединет од кога било досега, со две нови членки, Финска и Шведска. Мојот одговор е дека ние нема да се откаже од нашата поддршка за Украина“, нагласи Бајден во својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој рече дека сојузниците и партнерите на НАТО во повеќе од 50 нации застанаа против Русија и, како што рече, најважно е украинскиот народ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина