Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден има предност од 0,3 проценти во однос на актуелниот претседател Доналд Трамп во Висконсин по преброени 95 отсто гласови.
Бајден освои 49,3 проценти од гласовите во Висконсин, а Трамп 49. Ако Бајден победи во Висконсин, тој ќе има најмалку 248 места во Изборниот колеџ.
Според досегашните податоци, Пенсилванија, Мичиген и Висконски се клуч за победа на еден од кандидатите. Се уште не се преброени избирачките ливчиња испратени по пошта и тоа може да потрае неколку денови.
По преброени 64 отсто од гласачките ливчиња, американскиот лидер ја предводи Пенсилванија со скоро 700.000 гласови (2,96 милиони гласови или 55 отсто). Во Мичиген, со преброени 82 отсто од гласачките ливчиња, Трамп води со 200.000 гласови (51,5 отсто), а во Висконсин, Бајден има предност од 0,3 отсто или помалку од 10.000 гласови.
Резултатите од Невада, Северна Каролина и Џорџија се уште не се познати.