Бајден: Справувањето на Трамп со короната е навреда за тие што боледуваат

Од:

Начинот на кој актуелната администрација на Доналд Трамп се справи со коронавирусот во САД е навреда за секој човек што боледувал од Ковид-19, изјави денеска демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

Бајден говореше утринава во Вилмингтон, сојузна држава Делавер, каде денеска започна гласањето за претседателските избори. Главното гласање за изборите е на 3 ноември, но поради пандемијата, многу сојузни држави воведоа гласање по пошта и таканаречено „рано гласање“, кое во некои држави започна и на повеќе недели пред изборите.

-Уште еднаш ја дискутиравме животната важност од носење маски, да се заштитите себеси и своите соседи, и да се спасат стотина илјади животи, истакна тој.

-Изгубивме повеќе од 220.000 животи од коронавирусот, и оваа Администрација се предаде … Одделот за наука при Белата куќа синоќа прогласи дека „окончувањето на пандемијата во САД е врвен успех на претседателот Трамп во неговиот прв мандат“, истакна Бајден.

Додаде дека таквиот став е „навреда за секој еден човек кој страдал од Ковид-19“.

-Во моментот кога бројот на заразени во голем број држави се зголемува, одбивањето да се прифати реалноста во која живееме, и тоа во време кога дневно умираат речиси илјада Американци, е навреда за секој еден човек кој страдал од Ковид-19, рече Бајден.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска