Бајден: САД се подготвени за секакво сценарио, но ќе продолжиме со дипломатијата

Од:

Американскиот претседателот, Џо Бајден во вчерашното обраќање по повод руско-украинската криза истакна дека сè уште постои голема можност за руски напад врз Украина, но оти САД и партнерите ќе „продолжат со дипломатија“.

– САД се подготвени, што и да се случи. Ние сме подготвени со дипломатија, да се вклучиме во дипломатија со Русија и нашите сојузници и партнери за да ја подобриме стабилноста и безбедноста во Европа како целина. И ние сме подготвени одлучно да одговориме на руски напад за Украина, што сè уште е голема можност. Сите настани од последните неколку недели и месеци, тоа беше нашиот пристап и останува наш пристап сега, истакна Бајден.

Тој наведе дека сè уште нема потврда дека руските воени единици се враќаат во своите матични бази.

Бајден повтори дека доколку Русија изврши инвазија, САД се подготвени да воведат санкции.

– Ако Русија навистина изврши инвазија во наредните денови и недели, човечката цена за Украина ќе биде огромна. А стратешкиот трошок за Русија исто така ќе биде огромен. Ако Русија ја нападне Украина, ќе наиде на огромна меѓународна осуда. Светот нема да заборави дека Русија избра непотребна смрт и уништување, потенцира Бајден.

Тој јасно стави до знаење дека САД не се обидуваат да ја зголемат нестабилноста.

– Дозволете ми да бидам подеднакво јасен за она што не го правиме: САД и НАТО не се закана за Русија. Украина не и се заканува на Русија. Ниту САД, ниту НАТО немаат ракети во Украина. Ние немаме, немаме планови да ги ставиме и таму. Не го таргетираме народот на Русија. Не сакаме да ја дестабилизираме Русија. До граѓаните на Русија: Вие не сте наш непријател. Не верувам дека сакате крвава, деструктивна војна против Украина, наведе Бајден.

Тој рече и дека конфронтација во Европа ќе го наруши енергетскиот пазар во САД.

– Американскиот народ треба да знае дека одбраната на слободата и демократијата имаат цена. Нема да кажувам дека ова би било безболно, но ќе влијае на цените на енергенсите, истакна Бајден.

Тој додаде дека затоа САД прават чекори за намалување на притисокот врз енергетскиот пазар во земјата, се разговара со произведувачите за да се намалат цените на горивата.

– Ова е причина и за обединување на републиканците и демократите, посочи Бајден.

Тој додаде дека ќе поднесе иницијатива во Конгресот за обезбедување енергетска сигурност во САД, во случај на конфронтација во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

(ВИДЕО) Украина објави снимка: Русите сакаат да го збришат Часив Јар

Катерина Ѓуровски

Русија: „Америка е влезена во војна, реакцијата на Москва ќе ве боли“

Предраг Петровиќ