Бајден: Руска инвазија на Украина значи крај за „Северен поток 2“

Од:

Ако Русија изврши инвазија, што значи тенкови и војска ја поминат границата на Украина повторно, тогаш нема повеќе гасовод „Северен поток-2“, изјави синоќа претседателот на САД Џо Бајден на заедничкиот брифинг со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Канцеларот сепак одби да каже дали поддржува или не можност 11 милијарди долари вредниот цевковод да биде прекинат. Тој не одговори конкретно на прашање за тоа поставено на брифингот, но и за време на интервјуто синоќа за Си-ен-ен.

Набљудувачите сметаат дека Германија настапува внимателно по тоа прашање бидејќи над 50 отсто од потребите за гас ги добива од Русија, посебно откако изминатата деценија таа се откажа од нуклерната енергија и ги затвори своите атомски центали.

Во врска со можната руска инвазија на Украина, Бајден рече дека неколкупати го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека следуваат „најжестоки санкции досега наметнати“.

-Не знам дали тој знае што да прави. Бев многу директен и остар со претседателот Путин, како по телефон така и лично: Ќе ги наметнеме најжестоките санкции што досега биле наметнати, изјави американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина