Бајден оддава почит кон жртвите од Ковид-19 со петминутен молк

Од:

САД се очекува да ја надминат бројката од 500.000 смртни случаи како последица на Ковид-19, повеќе од каде и да било во светот, објави денеска универзитет Џонс Хопкинс.

Претседателот Џо Бајден, вечерва, од Белата куќа ќе зборува за изгубените животи во пандемијата, проследено со пет минути молк и церемонија на палење свеќи.

-Луѓето ќе зборуваат со децении за ова како ужасен момент во историјата на државата, да имате толку многу луѓе да починат од респираторна инфекција, изјави доктор Ентони Фаучи во интервју за Си-Ен-Ен.

Покрај половината милион жртви, САД исто така, се први во светот според бројот на заразени со коронавирус, односно над 28 милиони лица.

Според податоците на Џонс Хопкинс, досега има над 111 милиони заразени на глобално ниво, и речиси 2,5 милиони смртни случаи како последица на вирусот.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски