Бајден на средба во Њујорк во обид да се запре оруженото насилство и убиствата на полицајци

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска пристигна во Њујорк на средба со градоначалникот Ерик Адамс, во обид да се запре зголеменото оружено насилство во градот и зачестените напади од заседи врз полицајци.

Минатиот месец повеќе полициски службеници беа нападнати, а двајца починаа. При крајот на јануари двајцата полицајци беа убиени во напади во кои полицијата смета дека тие се намерно таргетирани.

Службеникот Вилберт Мора (27) почина изминатиот викенд. Тој и полицаецот Џејсон Ривера (22) беа нападнати за време на повик за семејно насилство од апартман во Харлем, што всушност било заседа кога едно лице испукало повеќе куршуми врз нив без предупредување. Напаѓачот бил усмртен од трет полицаец. Ривера починал на лице место, а Мора, кој добил куршум в глава, им подлегнал на повредите в болница. Полицијата нападот го опиша како „егзекуција“.

Претходно во јануари имаше напади во кои беа ранети уште тројца полицајци.

На синоќешата поворка во Менхетен во чест на загинатиот Мора присуствуаа десеттина илјади поддржувачи и униформирани лица, колеги на полицаецот. Ова беше всушност втора ваква масовна погребна поворка за помалку од една недела.

Говор во чест на загинатиот полицаец одржа полициската комесарка Кичент Севел. Во претходната служба во истата Католичка катедрала, сопругата на Ривера во говор ги искритикува властитe на Њујорк и окружниот обвинител, при што доби громогласни аплаузи.

Посетата на Бајден и одговорот на федералната Влада доаѓа во време кога властите се справуваат со изблик на оружено насилство во повеќе градови. Во 2020 и 2021 година се регистрирани многу повеќе вооружени напади и убиства отколку во која и да било измината година.

Во Њујорк на пример, во 2021 година во заседи и планирани напади биле убиени 73 полициски службеници, најголем број од 1995 година (исклучувајќи ги терористичките напади на 11 септември 2001), или 56 отсто повеќе од 2020 година, објави Волстрит журнал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени