Бајден на самит со земјите-членки на НАТО од Источна Европа

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска учествува на самит со НАТО земјите од источна Европа. Настанот се одржува во виртуелен формат во Букурешт.

Според одредени американски медиуми, фокусот на учесниците на самитот се проблемите поврзани околу безбедноста на црноморскиот регион и ситуацијата во Украина.

Претседавачи се романскиот и полскиот претседател, Клаус Јоханис и Анджеј Дуда.

-Драго ми е да му посакам добредојде на Џо Бајден на самитот „Букурешка деветка“, напиша Јоханис на Твитер.

Тој истакна дека на самитот ќе учествува и геералниот секретар Јенс Столтенберг, а фокусот на вниманието ќе бидат трансатлантските врски, НАТО-2030, одбраната и задржувањето (на заканите) на источното крило.

„Букурешката деветка“ се состои од Бугарија, Романија, Словачка, Чешка Република, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Унгарија. Покрај Бајден и Столтенберг, сите претседатели на овие земји ќе учествуваат на самитот.

Првиот самит на оваа група земји се одржа во ноември 2015 година во Букурешт. Групата потоа организираше средби во 2018 година во Варшава и во 2019 година во Кошице.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија