Бајден: Ќе ги зголемам даноците за оние што заработуваат над 400 илјади долари годишно

Од:

Претседателскиот кандидат од демократите, Џо Бајден, изјави дека во случај да стане претседател, ќе ги зголеми даноците за оние што зааработуваат над 400 илјади американски долари годишно, а за тие со помала плата нема да има нови даноци.

-Ги зголемивам даноците за оние што заработуваат 400 илјади долари. Зошто? Затоа што дојде време тие да почнат да го плаќаат својот удел од економските обврски што го имаат. Никого не казнувам. Богатите треба да го внесуваат својот праведен удел, корпорациите треба да го внесуваат својот удел, изјави Бајден синоќа во интервју за Еј-би-си.

На прашањето дали ќе воведе нови даноци за оние со плата помала од 400 илјади долари годишно, тој одговори со „нема потреба“.

Ова е прво интервју на Бајден од позиција кандидат за претседател на САД. Во него тој исто така го искритикува својот конкурент, актуелниот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „неподобен“ да ја врши фуннкцијата. Според него, шефот на државата одбегнал да се справи и да најде решение на проблемот со Ковид-19.

Во заднината на пандемијата Бајден има намера да победи на изборите без водење класична кампања со патувања по земјата и масовни собири на свои приврзаници. Изборите се на 3 ноември. Според досегашните анкети, Бајден е во мала предност од Трамп. Тој ја избра Камала Харис за свој потпретседател, која исто така учествуваше во интервјуто.

Трамп неделава се очекува да биде формално номиниран за претседателски кандидат од Републиканската партија.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он

Аризона и Невада би можеле да бидат решавачки во трката за американскиот Сенат

А1он

Во Аризона и Невада гласовите се пребројуваат со присуство на полиција

Во Џорџија ќе има втор круг, ниту еден кандидат за сенатор нема 50 отсто

Горан Наумовски

Избори за американскиот Сенат: Конечните резултати може да се чекаат со недели