Бајден ја предупреди Британија во врска со Брегзит и Северна Ирска

Од:

Кандидатот за претседател на САД на демократите Џо Бајден ја предупреди Велика Британија дека мора да го почитува мировниот договор во Северна Ирска при излезот од Европската унија или во спротивно нема да има договор за трговија со САД.

– Не можеме да дозволиме договорот на Велики петок, што донесе мир во Северна Ирска, да стане жртва на Брегзит, напиша Бајден на Твитер.

– Секој трговски договор меѓу САД и Велика Британија мора да биде условен со почитување на договорот и спречување на враќање на тврдата граница. Точка, напиша Бајден.

Британскиот премиер Борис Џонсон презентираше законодавство со кое би се разбиле делови од договорот за Брегзит кои се однесуваат на Северна Ирска, обвинувајќи ја ЕУ за ставање пиштол на маса во трговските преговори и обид за поделба на Обединетото Кралство.

Британскиот премиер тврди дека Велика Британија мора да има можност да прекрши делови од договорот за Брегзит од 2020 година кој го потпиша за да ги поддржи обврските на Лондон според Мировниот договор на Велики петок од 1998 година, со кој се стави крај на тридецениското насилство во Северна Ирска меѓу про-британските протестантски унионисти и ирските католички националисти.

ЕУ наведува дека секое прекршување на договорот за Брегзит може да ги потопи трговските преговори и со тоа да ја комплицира границата помеѓу Северна Ирска, која е дел од Велика Британија и Ирска, која е членка на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Во Велика Британија 20.890 новозаразени, починале 102 лица – највисоко ниво на тревога во Нотингем

Жарко Настоски

Бајден: Благодарејќи на Трамп, Северна Кореја има поопасни ракети

Ана Ололовска

Британија: Уапсени седум лица на танкер поради закани кон екипажот

Ана Ололовска

Британија потпиша со Јапонија пост-брегзит трговски договор

Ана Ололовска

Британска гимнастичарка откри дека тренерот ја силувал кога имала девет години

Ана Ололовска

Британија: Непознат човек прскал луѓе со отровна хемикалија во продавници и ресторани

Жарко Настоски