ВИДЕО: Бајден избран за 46-ти претседател на САД

Од:

Кандидатот на демократската партија Џо Бајден е избран за 46. претседател на САД, јавија американските медиуми.

Меинстрим медиумите го прогласија Бајден за избран претседател по прогласувањето на негова победа во Пенсилванија, која носи 20 електорски гласови. Со нив Бајден стигна до 273 електорски гласови, од потребните 270 за претседател.

Пребројувањето на гласовите продолжува во Пенсилванија, Џорџија, Аризона, Неведа, по што ќе следи и официјална потврда на резултатите.

Историски момент е и тоа што САД за првпат ќе има жена потпретседател на државата, Камила Харис, која е со афроамериканско и индиско потекло.

Актуелниот претседател Доналд Трамп најави дека неговиот правен тим ќе поднесе повеќе тужби во судовите за да ги оспори резултатите.

Половина час претходно, пак, Трамп на Твитер прогласи победа на изборите.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ