Бајден и Обрадор се договориле САД и Мексико да соработуваат

Од:

Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, телефонски разговарал со новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, по што изјави дека двајцата си ветиле дека ќе работат заедно во корист на двете држави.

„Ја потврдивме нашата посветеност да работиме заедно во корист на нашите држави и народи“, потврди Обрадор на Твитер.

Шефот на мексиканската дипломатија, Марсело Ебрард, телефонскиот разговор го опиша за „срдечен“ и на Твитер соопшти дека „ќе има широка билатерална соработка и многу добри односи меѓу претседателите на Мексико и на САД“, оценувајќи дека се тоа „добри вести“.

Лидерите на двете најголеми економии во Латинска Америка, Мексико и Бразил, дури оваа недела му ја честитаа на Бајден изборната победа, еден ден откако американскиот електорски колеџ ја потврди победата на Бајден на изборите на 3 ноември. Со ова, тие меѓу последните светски лидери му ја честитаа победата на Бајден.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД