Бајден и неговиот мексикански колега Обрадор ветија дека ќе се справат со миграцијата

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор за време на билатералната средба во главниот град на Мексико ја потврдија нивната посветеност да користат иновативни пристапи за справување со илегалната миграција, соопшти Белата куќа .

Двајцата лидери разговараа за неодамнешната најава од страна на САД за дополнителни законски мерки во врска со илегалната миграција, како и за зајакната билатерална соработка во борбата против трговијата со дрога.

„Претседателот Бајден и претседателот Лопез Обрадор, исто така, ја потврдија својата посветеност да преземат акција против основните причини за миграцијата“, соопшти Белата куќа.

Двајцата претседатели разговараа и за американскиот закон што обезбедува стимулации за инвестирање во заеднички вложувања за полупроводници.

Билатералниот формат меѓу двајцата претседатели подоцна денеска ќе се развие во трилатерален со учество на канадскиот премиер Џастин Трудо на „10-тиот самит на северноамериканските лидери“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца студенти повредени во пукање во Тексас

Телото пронајдено во близина на имотот на осудениот американски адвокат ќе биде ексхумирано

Ана Ололовска

Администрацијата на Бајден е скептична за намерите на кинескиот претседател пред самитот со Путин

Ана Ололовска

САД продолжија да испраќаат шпионски летала над Црното Море

Ја убил сопругата и нејзиниот љубовник, па сакал да побегне во Босна

Горан Наумовски

Полска е првата членка на НАТО која испрати авиони во Украина, Белата куќа: Ние не испраќаме

Ана Ололовска