Бајден ги убедува конгресмените дека договорот со Иран не ја исклучува употребата на воена сила

Од:

Спогодбата за иранската нуклеарна програма не ја исклучува можноста САД да употребат воена сила врз Иран, доколку оттаму повторно се појави закана за американската национална безбедност, изјави денеска американскиот потпретседател Џо Бајден пред конгресмнеите демократи во Претставничкиот дом на Конгресот во Вашингтон.

Британските медиуми ги цитираат неговите зборови, прераскажани од конгресменот Стив Израел, кој ја напуштил салата каде се оддржувала средбата на Бајден со демократските конгресмени.

Според конгресменката Џенис Шаковски, Бајден посочил дека ако САД се откажеа од нуклеарниот договор со Техеран „целиот режим на санкции ќе се урнеше“.

Според ТАСС, оваа изјава на Бајден има за цел да ги смири скептиците во Конгресот, а меѓу нив и неговите сопартијци демократи, кои се сомневаат во целисходноста на нуклеарниот договор со Иран. Имено, за да ги убеди во спротивното потпретседателот пешки дојде во Конгресот за со групата на демократите да го разгледа постигнатиот договор со Иран.

-Јас дојдов тука за да одговорам на прашањата и да ја објаснам смислата на овој договор. Уверен сум дека ќе им се допадне кога целосно ќе ги дознаат деталите, рече Бајден пред новинарите, пред да влезе на средбата со конгресмените.

Вечерва во Белата куќа се очекува и прес конференција на претседателот Барак Обама, а се претпоставува дека таа ќе биде посветена на односите со Иран во светлина на склучениот договор.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски