Бајден ги повлекува сите американски војници од Авганистан до 11 септември годинава

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ги повлече сите американски војници стационирани во Авганистан до 11 септември оваа година, објавија американски медиуми повикувајќи се на извори запознаени со плановите.

Датумот, според изворите, не е случајно одбран и тој треба да биде симболичен, на 20-годишнината од нападите на кулите близначки во Њујорк, кои администрацијата на тогашниот претседател Џорџ В. Буш ги искористи како повод за инвазијата врз Авганистан. Војната во азиската земја беше најдолгата војна во која учествуваа САД во својата историја.

Официјално, во Авганистан има 2.500 американски војници, но бројката варира и во моментов е за 1.000 војници повисока. Тие се придружени од околу 7.000 војници кои доаѓаат од земјите-сојузнички на САД, од кои мнозинството се трупи на НАТО.

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден