Бајден денеска прима четврта доза од вакцината против Ковид-19

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја прима втората бустер доза вакцина против коронавирус, соопшти Белата куќа.

Бајден (79) ќе ја добие четвртата доза од вакцината откако ќе и се обрати на јавноста на новата владина веб-страница COVID.gov, која треба да помогне да се одговори на пандемијата и да обезбеди информации за тестирање и вакцинација.

– Дозата ќе му ја даде член на медицинскиот персонал во Белата куќа, изјави портпарол.

Бајден ќе ја прими вакцината еден ден откако САД одобрија четвртата доза на вакцините на Фајзер/Бионтек или Модерна за луѓе над 50 години, бидејќи властите предупредуваат на потенцијален нов бран предизвикан од БА. 2 подваријантата на омикрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва