Баик: Меѓународно посредништво за решавање на курдскиот проблем

Од:

Лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Џемил Баик бара меѓународно посредништво во решавање на курдскиот проблем и ја обвинува Турција дека соработува со групата Исламска држава (ИД).

– Сметаме дека овој проблем може да се реши само по мирољубив пат. Долги години водевме војна со Турција, а со неа ниту Турција, ниту ние не ја постигнавме целта. Со војна не може да се постигне решение, поради што е неопходна политичка солуција. Сега е момент кога е потребен напредок и бараме трета сила да се вклучи во процесот, истакна Баик во интервју за виенскиот весник „Стандард“.

Тој додаде дека посредници би можеле да бидат САД. Истовремено, Баик ја обвини Турција дека не е заинтересирана за политичко решавање на проблемот со Курдите.

– Курдскиот проблем не е само проблем на Турција, туку е меѓународен проблем, за кој е потребно меѓународно решение, порачал Баик.

Во актуелниот конфликт со Исламската држава во Сирија, според него, Анкара „игра двојна игра“. Баук објасни дека од една страна Турција ја поддржува ИД, а од друга страна им дозволува на курдски борци да преминат преку нејзина граница кон Сирија, со цел да се поддржат бранителите на сирискиот град Кобане.

Би можело да ве интересира

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија

Четворица загинати во самоубиствен напад на ИД врз центарот на безбедносните сили во Рака

А1он

Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

А1он

(ВИДЕО) Париз како воена зона: Курдите излегоа на улица

Катерина Ѓуровски

Француските Курди протестираат во Париз по нападот врз тројца сонародници

Анкара поставила ултиматум за повлекување на курдските сили од три области во Сирија

Ана Ололовска