Бахами и Куба пресретнаа стотици мигранти од Хаити на пат кон САД

Од:

Бахамските и кубанските власти пресретнаа на море стотици граѓани на Хаити кои се обидуваа да стигнат до САД и ги вратија во нивната земја.

Одбранбените сили на Бахамите соопштија дека распоредиле патролни бродови на југоисток од Бахамите за да се заштитат од „мигрантскиот бран“ од Хаити, најсиромашната земја во Америка, која се бори со хуманитарна и политичка криза.

Тие бродови пресретнале повеќе од илјада граѓани на Хаити во текот на изминатите десет дена, соопштија одбранбените сили.

„Одбранбените сили на Бахамите уште еднаш ги повикуваат поединците да се воздржат од долги опасни патувања во ризични бродови за време на кои тие ги ризикуваат животите на многу луѓе“, се вели во соопштението.

Кубанското Министерство за надворешни работи во вторникот соопшти дека неодреден број мигранти од Хаити, исто така, пристигнале со брод на бреговите на источните и централните провинции во последните недели во обид да стигнат до Флорида.

И Куба и Бахамите соопштија дека ќе ги вратат мигрантите на Хаити.

Околу 30.000 мигранти од Хаити пристигнаа на границата меѓу САД и Мексико во последните недели, барајќи азил во Соединетите Американски Држави. Американските власти протераа околу 5.000 луѓе назад на Хаити.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски