Багдади ќе раководи со одбраната на Рамади

Од:

Лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади од Мосул се префрли во Рамади за да раководи со одбраната на ирачкиот град, контролиран од џихадистичката група, објави денеска панарапскиот весник „Ал шарк ал авсат“.

Багдади издал неколку наредби за промени во командниот состав на ИД со цел да се зголеми борбеноста на припадниците.

Рамади е административен центар на западната ирачка провинција Анбар. Пред два дена регионалните власти најавија нова операција за преземање на градот, кој е под контрола на ИД. Во операцијата ќе учествуваат 25.000 ирачки војници и 5.000 припадници на милициите, кои ќе имаат поддршка од ирачката воена авијација и меѓународната коалиција предводена од САД.

Во моментот ИД контролира една третина од територијата на Ирак и околу 80 проценти од провинцијата Анбар.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска