При експлозија на автомобил-бомба во јужниот дел на Багдад загинаа 59 лица, додека 66 се повредени.
Одговорноста за нападот го презеде Исламската држава, јави Танјуг.
ИД утрово објави соопштение, наведувајќи дека нејзини борци активирале автомобил-бомба што бил паркиран во близина на собир на шиити.