Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Од:

Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, објавија денес чешките медиуми.

– Европските лидери сега почнаа да зборуваат за тоа како Европа треба да преговара со Путин. Претходно, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше со Зеленски и Путин, сите го осудија тоа, потсети Бабиш, пренесува чешкиот портал ТН.

Бабиш, исто така, ги повика европските земји да го продолжат директниот дијалог со официјална Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за прекин на огнот и воспоставување комуникација со рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран