Азербејџан му откажа гостопримството на амбасадорот на ОБСЕ

Од:

Владата на Азербејџан донесе одлука за откажување на дејствувањето на координаторот на проектите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Баку поради обид за надворешно влијание врз неговата работа.

Амбасадата на Азербејџан во Виена соопшти дека Баку ја искористил можноста, која е предвидена до Хелсиншката повелба и порача дека очекува оти ОБСЕ ќе ја почитува одлуката на Владата.

Во име на азербејџанската Влада Амбасадата изрази благодарност до амбасадорот Алексис Шахтахтински, координатор на проектите на ОБСЕ во Баку за вештото управување при спроведување на активностите на мисијата и за успешно извршување на задачите.

– Меѓутоа забележани се обиди на надворешно влијание врз активностите на проектниот координатор, како што се непотребни препреки при продолжување на неговиот договор или вршење притисок за да дејствува надвор од мандатот, но и недостиг на претходни консултации со земјата домаќин при одлуката за повлекување на амбасадорот Шахтахтински, нагласува Амбасадата и оценува дека тие чекори и нанеле штета на довербата на Владата во способностите на мисијата да ги исполнува своите задачи во согласност со мандатот.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов