Авторката на „Хари Потер“ против отцепувањето на Шкотска

Од:

Британската писателка Џ.К. Ролинг, автор на серијата романи за Хари Потер, донираше еден милион фунти за кампањата против отцепувањето на Шкотска од Велика Британија.

Ролинг, која 21 година живее во Единбург, претходно, повеќепати јавно ја поддржуваше кампањата „Подобро заедно“ која се обидува да ги увери шкотските гласачи дека останувањето на Шкотска е подобро решение за земјата од независноста.

Во специјална изјава на нејзината интернет страница, Ролинг вели дека оние кои заговараат отцепување од Велика Британија, свесно и намерно ги негираат ризиците од нивната сепаратистичка политика.

Популарната писателка ги осудува националистите кои сакаат да ги „демонизираат сите кои не се слепи поддржувачи на нивната политика и на независноста“.

На 18 септември, само жителите на Шкотска ќе излезат на референдум на кој ќе треба да се определат за тоа дали сакаат нивната земја да биде независна држава.

Џ.К.Ролинг е родена во англиската област Глостершир, но повеќе од две децении живее во Шкотска. Таа вели дека има добри пријатели како кај поддржувачите за останување на Шкотска во Велика Британија, така и кај оние кои заговараат независност, па и пречи што сега од другата страна е „демонизирана“ поради своето отворано противење на отцепувањето.

На листата на најбогатите Британци и оние кои постојано живеат во Велика Британија, што ја подготвува неделникот „Сандеј тајмс“ писателката Ролинг високо котира меѓу богатите жени, со богатство што се проценува на една милијарда фунти.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски